За Нас

Локалната акциска група со име „Брегалница“ е формирана на иницијатива од јавниот, граѓанскиот и невладиниот сектор од територијата која е составена од вкупно 6 општини: Чешиново – Облешево, Кочани, Зрновци, Виница, Македонска Kаменица и Пробиштип и преставува рурална целина вклучувајќи го градот Кочани кој има под 30.000 жители.(28.330 жители според пописот од 2002 год.). На транспарентен начин преку низа работилници раководени од стручно лице – модератор беа водени дискусии и  спроведени активности од стратешко планирање за идната Локална акциска група. На работилниците учествуваа преставници од трите сектори: Јавен сектор: општински администрации и училишта, невладин сектор и бизнис секторот.

ЛАГ-от „Брегалница“ се наоѓа во Источниот плански регион и го зафаќа неговиот централен дел. Територијата на ЛАГ-от е составена од 6-те соседни општини: Чешиново – Облешево, Кочани, Зрновци, Виница, Македонска Каменица и Пробиштип. Се наоѓа во Источниот дел од Р.Македонија, по течението на река Брегалница, во т.н. регион на „Средна Брегалница“.

Границите на ЛАГ-от „Брегалница“ се дефинирани од природните рељефни карактеристики на Средното течение на реката Брегалница и планините Осогово и Плачковица.

Зафаќа територија од вкупно 1.395 км2 распослани во низински дел на реката Брегалница и нејзините притоки и неколкуте планини кои гравитираат во централниот дел од Источниот регион.