News

Проектна иницијатива „Биди пчелар!“

Проектна иницијатива „Биди пчелар!“

Проектната иницијатива „Биди пчелар!“ која ја реализираат организациите АГРО – ВИНКА од Виница и ПОЛИМАТ 13 од Богданци има за цел да ги афирмира потенцијалите за развој на пчеларството и соработка на чинителите од различни региони преку охрабрување на иницијативи во општините Виница и Богданци за одржливо искористување на природните ресурси за развој на пчеларството и поттикнување на соработка помеѓу одгледувачите на пчели преку размена на искуства, знаења и вештини.

Проектот започна да се реализира во месец мај кога во неколку наврати беа одржани информативни состаноци со пчеларите од општините Виница и Богданци при што на присутните  им беа презентирани активностите кои со овој проект се предвидени, како и позитивните ефекти, можностите за соработка и унапредување на  пчеларството.

На 12 јуни пчелари од Виница  беа во посета на две пчелни заедници во Богданци, при што присутните пчелари разменија знаења и искуства во одгледувањето на пчели, додека потенцијалните пчелари имаа можност од прва рака да се информираат за поволностите и ризиците кое ги носи одгледувањето на пчели.

На 2 и 3 јули, во Виница, во рамките на проектот „Биди пчелар!“  имплементиран од страна на организациите АГРО-ВИНКА од Виница и ПОЛИМАТ 13 од Богданци, се одржа обука за афирмација и развој на пчеларството која вклучуваше теренска посета на пчелни заедници.

На обуката со која беа опфатени 20 учесници од општините Богданци и Виница, искусен предавач ги пренесе своите знаења за планирање, организирање и управување со пчелни заедници, начини за подобрување на технолошките постапки за зголемување на приносите, како и за редуцирање на ризиците поради кои се намалуваат приносите и бројот на продуктивни пчелни заедници.

Беше реализирана и посета на пчелни заедници во Виница при што пчеларите од двете општини имаа можност да разменат искуства и да ги споредат начините за одгледување на пчели, а воедно и да се информираат за различни пракси кои придонесуваат за зголемување на приносите.

Проектната иницијатива  беше поддржана од Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени спроведуван од Мрежата за рурален развој на РМ и ќе придонесе кон подобрување на капацитетите на организациите членки на МРР во и создавање партнесртва за понатамошна заедничка реализација на активности од областа на руралниот развој.