Мисија

ЛАГ-от “Брегалница“ ќе се стреми кон подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението преку развој на човечките ресурси, соработка со бизнис секторот, подобрување на инфраструктурата, развој на селски туризам, одржливо искористување на природните ресурси, ефикасно користење на обновливи извори на енергија, намалување на невработеноста и подобрување на демографската структура во руралните подрачја.